Deep Experience vol.7

deep experience vol 7

Deep Experience vol.7
cafe 169 / 9 Ноември 2013  / 21:30 ч
Артисти: Тони Димитров, DJ Ulterior

Тони Димитров – културен продуцент и културен истражувач, радио водител и радио активист, филозоф и комуниколог, поет и планинар … но исто така и звучен уметник, DJ, дизајнер, организатор, сопственик на музичка етикета, со седиште во Скопје, Македонија. Кога е дома и не патува зафатен е со различни активности, од областа на музиката, уметноста и филозофијата кои се очигледно главниот фокус на неговиот интензивен начин на живот, но и други проекти, вклучувајќи читање и пишување, радио и теренски снимки, издавање музика и организирање на музички/уметнички настани, цртање и дизајнирање.


DJ Ulterior доаѓа од Скопје, а има живеено во Љубљана и Цирих каде го има изградено својот музички вкус. Уште од свои пред тинејџерски години е заинтересиран за разни типови на музика купувајќи ја, како и преку радио станици како 103ка. Со враќањето во Скопје конечно добива шанса целосно да се посвети кон учествување во клубската underground сцена. Моментално најчесто настапува во клубот Papaya на техно забавите и Менада каде има своја диско резиденција која се нарекува “ They Only Come Out at Night”.
Ulterior за прв пат во Битола настапи во рамките на Deep Experience vol.5 проектот.


Проект Deep Experience – После едногодишната пауза во која групацијата 615 ги преиспитуваше сопствените капацитети, но и трпеливо ги проценуваше и антиципираше истите на локалната сцена, паралелно апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на комуникација, оваа екипа овој пат заедно со кафе 169 се обединија во идејата да понудат свеж продукт на концептуални музички вечери. Идејата практично е одговор на потребата на градот од места од помал формат кои ќе понудат поинтимна атмосфера, поквалитетен избор на музика и диџеи / презентери. На тој начин групацијата 615, го продолжува проектот Deep Experience со кој што, сака да создава и споделува пријатни искуства со публиката со цел да придонеси кон подобрување на квалитетот на ноќниот живот во градот. Затоа овие вечери и ги нарековме Deep Experience.