Generations

generations

Име: Generations
Локација: Олимписки Базен
Датум: 10.07.2010
Артисти: Goran Iksvel, T:Zobe, Goran Tech, Danny L, Alex Nova, L-Kid, K. Petrovski, Dimitar Dodovski и C-Pure


Опис: Електронската музичка сцена во текот на претходните години во Битола, па се до денес зема се поголем замав, на оваа сцена се појавија доста млади креативни артисти кои инспирирани од претходните генерации успешно создаваат и презентираат музика која им ја оставиле претходните генерации да ја негуваат и да ја пренесат на наредните генерации. Затоа во овој настан ќе се сретнат сите генерации на артисти кои имаат удел во креирањето на електронската музичка сцена во градот. Музичките стилови варираат во зависност од периодот во кој започнале со творење, се сретнуваат музички стилови како:Techno,Electronica, Tech-House, Minimal, Minimal-House, Progressive house и сл. Да се присуствува на овој настан значи да се биде дел од креирањето на новата култура во градот, но исто така добро е да ги знаеш луѓето кои придонесоа за развој на електронската музика во твоето родно место, луѓето кои длабоко под градот креираат звуци и на ваквите настани не прават да се чувствуваме како дел од светот, како дел од 21 век.