“Не ја консумирај културата – креирај нова” е мотото на нашата организација отворена за сите индивидуи и групи кои преферираат креативни – ментални вежби, за сите оние кои сакаат да се изразат преку било која уметничка форма.
Асоцијација 615 е место кое ги поттикнува младите да ја прикажат својата креативност, да ги реализираат идеите и нивната скриена имагинација.
Основани сме во 2010 година и до сега имаме организирано повеќе од 18 мултимедијални проекти, 2 младински размени и 1 тренинг курс.
Нашите проекти беа поддржани од приватни компании, Општина Битола и програмата Еразмус + на Европска Унија.