СМОТРА #11 Фестивал

СМОТРА 11 – симбиоза помеѓу современа електронска музика и визуелни ефекти во чаршиски амбиент.

Line-up:
Dejan Dex
Bodan Jamakoski
Ninhursag

12ти Август (сабота) 2023, 21:00ч, Стара Битолска Чаршија, ул. Панда Чеснова

Соработници: Europe House Bitola, BV Business group, БВ Инженеринг и Pro Energo.

Дизајн на постер: А. Циндриќ

Смотра е мултимедијален проект во форма на музички фестивал креиран од млади ентузијасти кој како главна цел има да ја децентрализира електронската музичка сцена и да ги приближи младите до современата уметност.

Со необичните локации и внимателно селектираните изведувачи кои настапуваат со енергични диџеј сетови и настапи во живо, фестивалот Смотра претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Фестивалот се одржа непрекинато 10 години, а на него настапија повеќе од 20 изведувачи како што се: Saso Recyd, Samoil Radinski, Autmind, Herzel, Nikola Rizov, Pass-n-g, Flooder, Tomi Bojadzi, Dejan Dex, DiaH, Vidinovski, Anomania Nativa, T: Zobe, Dj UX и многу други.

Рејверски поздрав,
615 Битола