Стојче

stojceСтојче е еден од продуцентите на европскиот континет којшто го продлабочува хоризонтот на техното и андеграунд хаусот. Инспириран од скопската техно сцена, тој почнува со купување и вртење плочи на различни забави во Скопје и низ Македонија, потоа започнува со продукција на негова авторска музика, звук кој е перфектно дистилиран и во неговите диџејски сетови.

Неговите изданија на етикетите како што се: Argumento, Dogmatik Records, Liebe*Detail, Tangible Assets, покажаа конзистентност во неговиот музикчки квалитет, и ги презентираа неговите продуцентски вештини во креирање одлични плочи.

Стојче е еден од момците којшто стојат позади етикетата Аргументо, исто така неодамна тој го започна својот соло-винил проект ‘’Tangible Assets’’ кадешто издава најразлични форми на андерграунд техно и хаус.

Неговиот стил не прозилегува како резултат на еден тип на музика. Неговите диџејски сетови се фузија од најразлични форми на традиционалното Детроит техно, даб, дип хаус, есид или било која друга форма во што тој умее да ја престави во уникатна звучна симбиоза.