Deep Experience vol.6

deep experience 6Deep Experience vol.6
Локација: Café 169
25 Октомври, 21:30ч
Артисти: Herzel, Dimitar Dodovski, Yo!rdan

Проект Deep Experience – После едногодишната пауза во која групацијата 615 ги преиспитуваше сопствените капацитети, но и трпеливо ги проценуваше и антиципираше истите на локалната сцена, паралелно апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на комуникација, оваа екипа овој пат заедно  со кафе 169 се обединија во идејата да понудат свеж продукт на концептуални музички вечери. Идејата практично е одговор на потребата на градот од места од помал формат кои ќе понудат поинтимна атмосфера, поквалитетен избор на музика и диџеи / презентери. На тој начин групацијата 615, го продолжува проектот Deep Experience со кој што, сака да создава и споделува пријатни искуства со публиката со цел да придонеси кон подобрување на квалитетот на ноќниот живот во градот. Затоа овие вечери и ги нарековме Deep Experience.

Herzel е мултиталентиран уметник кој е образован во полето на фотографијата и визуелните уметности. Неговите музички познавања и искуство лежат во неговата страст кон музиката и звукот, а и во многуте години поминати како диџеј. Како уметник, неговото дело се состои од музички аранжмани за визуелни дела, делови од фотографии, видео и аудио инсталации. Во последно време, концептот му е да спојува различни жанрови на електронска музика во неговите траки.
Со последните две винилни изданија No More Lies EP и The Action OF Staying EP , музика која е натопена со магичниот вокал на Геновева и резултат на нивната долготрајна соработка, добиваат заслужена рекација од многубројните етаблирарни автори на електронската музичка сцена денес како Boddika, Joy Orbison, Phon.o, Brendon Moeller, Erol Alkan итн. Плочи кои го нашле патот до подиуми и клубови како Berghain и изданија кои доживеале премиера на радио станици како BBC6.

Димитар Додовски

Продуцент и диџеј, живее и работи во Битола. Повремено работи и графички дизајн, видео а има и настапувано со свој уметнички перформанс на Урбан Фестивал во Загреб, Хрватска. Поголемиот дел од времето се фокусира на музичкиот дел особено проектот Moss Garden заедно со Lee Norris (UK) кој добива најпозитивни оценки на светските сајтови кои третираат електронска музика. Со својот самостоен музички проект кој се движи во водите на експерименталната електронска музика досега настапувал безброј пати на разни домашни фестивали и настани од помал обем од кои најинтересни се настапите со Сашко Костов во рамките на De:sonanz фестивалот во 2009 и Здраво Млади фестивалот во 2011.

Јордан Николов (a.k.a B.Boy, DJ Yo!Rdan) е писател / колумнист, dj и freerider кој живее и твори во Битола. Од 2003 членува и како turntablist во групата „Љубојна“ со која има настапувано насекаде низ Македонија, како и на фестивали во Франција, Словенија и Грција. Мрази жанровски обележја, стеги и етикети толку популарни и посакувани до името на dj-от, така што во сетовите сака покрај публиката и самиот себеси да се изненади со изборот на музика па ефектот кој секогаш на настап се обидува да го постигни е своевидно сурфање врз моменталната атмосфера и енергија на публиката кое музички можи да замини во секоја можна насока.