Earth Hour

earth_hour13Име: Earth Hour
Локација:  кафе-бар Данте
Датум:  23.03.2013
Артисти:  615 crew

Опис:  Earth Hour е најголемиот глобален настан кој ги поврза луѓето насекаде низ светот. Свесноста за штедење на електричната енергија, како еден од најголемите загадувачи на нашата Планета Земја, ги отвори очите на голем број граѓани кои ја започнаа оваа инцијатива во Австралија во 2007 година и со експресна брзина наредната година веќе илјадници луѓе низ целиот свет се приклучија. Целта на овој настан е да се поттикне свесноста за штедење на електричната енергија преку едночасовен мрак низ целата земјина топка, во еден ист момент. Чувството дека си дел од глобалната мрежа на еколошки свесни креатини, активисти го прави овај настан толку посебен и поддржуван од најголемите Влади и држави низ целиот свет.
Во нашиот град Асоцијација 615, организира забава на свеќи во кафе бар Данте, каде цела вечер наместо електричните светилки луѓето се забавуваат на свеќи.
Приклучете се и вие, заедно да ја зачуваме Планетата Земја!