Проекција на филмот „Skupjaci perja“

„Skupljaci perja“ или „Среќни цигани“ е филм низ кој се испреплетени дел од ромските обичаи и култура преку приказната на една заљубена двојка. Бора е женет со постара жена, но е вљубен во помладата Тиса, додека Тиса е во договорен брак од нејзиното семејство – според обичаите. Таа подоцна заминува со Бора на планина за да се венчаат и не може да се врати во племето, па заминува за Белград, а по патот е силувана од неколку камионџии. Во меѓувреме, Бора ја брани својата чест на традиционален начин во дуел со нож и го убива противникот, па треба да го напушти племето.

Режисер на филмот: Александар Петровиќ

Гостин на проекцијата: Сунаи – студентски активист

Место: Малата сала од домот на културата
Вторник, 8ми Април 2014
Време: 20:30h
Влез: Слободен

Филмот и дискусијата после филмот се одлична прилика да ги разбиеме стереотипите за ромите и да се запознаеме со дел од нивната култура, обичаи – историја.