Jori Hulkkonen доаѓа во Скопје

jori_hollkonen_kapan_anЕден од најценетите музички изведувачи на 21 век, живата легенда на електронската музика, финската икона Jori Hulkkonen во сабота (19 октомври) ќе има концерт во Капан ан во Скопје.

Специјални гости ќе бидат ДЈ Томи Бојаџи, како и Лејзи Кидс кои ќе биде задолжени за специјални визуелни ефекти.
Jori е член на различни проекти , а со неговиот ацид симфонискиот оркестар настапува пред познатиот Кraftwerkширум европа и светот.

Како продуцент со својата врвна продукција, има издадено стотици изданија за светски познати музички лејблови како F Communications на Laurent Garnier, каде има издадено 10 албуми и многу синглови.
Роден во 1973 година, а првото изданиег о бележи уште од 1993 година. Тој го има заобиколено целиот свет како ДЈ уште во раните 90ти години, пуштајќи мешавина од хаус, техно, електро со футуристичен настап. но со почит и кон минатото. Јори води своја радио емисија од 1998 на Финското Бас радио и до ден денешен ја пушта најновата музика од својата ДЈ торба.

превземено од cooltura.mk