Ikona Sessions vol.1

ikona1

Овој викенд 615 Асоцијација и Икона bookstore организираат настапи во живо на едни од најиновативните продуценти во моментов на македонската електронска сцена.

Настанот Икона Sessions е спонтан израз на спојување на тие два света, книжевноста и електронската музика но дружењето ни е секогаш на прво место!

Споделете ја енергијата на настанот со нас и бидете дел од “книгата” која почнавме да ја пишуваме пред 3 години со наслов Don’t consume the culture, create a new one.

Име: Ikona Sessions vol.1
Дата: 08 јули 2013 / 21:oo часот
Локација: Ikona Bookstore
Aртисти: Herzel(live), Dimitar Dodovski(live/dj set), dj Yo!rdan

Line-up
21:30 – 22:00 Димитар Додовски (live)
22:00 – 23:00 Herzel (live)
23:00 – 00:00 dj Yo!rdan (dj set)
00:00 – 01:00 Димитар Додовски (dj Set)

Herzel е мултиталентиран уметник кој е образован во полето на фотографијата и визуелните уметности. Неговите музички познавања и искуство лежат во неговата страст кон музиката и звукот, а и во многуте години поминати како диџеј. Како уметник, неговото дело се состои од музички аранжмани за визуелни дела, делови од фотографии, видео и аудио инсталации. Во последно време, концептот му е да спојува различни жанрови на електронска музика во неговите траки.

Димитар Додовски Продуцент и диџеј, живее и работи во Битола. Повремено работи и графички дизајн, видео а има и настапувано со свој уметнички перформанс на Урбан Фестивал во Загреб, Хрватска. Поголемиот дел од времето се фокусира на музичкиот дел особено проектот Moss Garden заедно со Lee Norris (UK) кој добива најпозитивни оценки на светските сајтови кои третираат електронска музика. Со својот самостоен музички проект кој се движи во водите на експерименталната електронска музика досега настапувал безброј пати на разни домашни фестивали и настани од помал обем од кои најинтересни се настапите со Сашко Костов во рамките на De:sonanz фестивалот во 2009 и Здраво Млади фестивалот во 2011.

Јордан Николов (a.k.a B.Boy, a.k.a DJ Yo!Rdan) е писател/колумнист, dj и freerider кој живее и твори во Битола. Од 2003 членува и како turntablist во групата „Љубојна“ со која има настапувано насекаде низ Македонија, како и на фестивали во Франција, Словенија и Грција. Мрази жанровски обележја, стеги и етикети толку популарни и посакувани до името на dj-от, така што во сетовите сака покрај публиката и самиот себеси да се изненади со изборот на музика па ефектот кој секогаш на настап се обидува да го постигни е своевидно сурфање врз моменталната атмосфера и енергија на публиката кое музички можи да замини во секоја можна насока.

[cvg-video videoId=’31’ width=’610′ height=’420′ mode=’playlist’ /]