Смотра vol.1

smotra1

Име: Смотра vol.1
Локација: поранешен Војнички ресторан
Датум: 02.07.2011
Артисти:  T:Zobe, Danny-L, Saso Recyd


Опис: Другари и другарки дозволете ни да кажиме неколку зборови во име на Асоцијација 615, сите нејзини членови и поддржувачи: Tука сме да ја спроведиме нашата една и единствена цел, а тоа е поттикнување на креативноста и акумулирање на позитивна енергија кај младите од кои зависи иднината на светот во кој живееме и во кој правец ќе се движат промените. Луѓето често сакаат да се враќаат назад во историјата, да ги прегледуваат сите настани и факти кои биле во минатото, бараат причина за конфликт, причина за да покажат колку се поразлични од сите останати и сето тоа придонесува за настанување на незадоволство помеѓу народите, пошироките и потесни општествено – политички заедници. Затоа сите заедно да направиме чекор кон иднината и да покажиме дека Битола има младина со која треба да се гордее, со погледи широко отворени кон светот, младина која е доволно спремна да прави промени, како на културен така и на економски, политички и социјален план. Асоцијација 615 немаше да биди ништо ако не се држевме сите заедно, секој настан зема се поголеми размери и самите бројки на посетеност кажуваат дека правиме промени во средината ЗАЕДНО. Ние треба да ја креираме историјата за која многу ќе се зборува во иднината, полека, но сигурно! Мисијата на најновиот настан на Асоцијација 615 под наслов СМОТРА е да придонесе во изградбата и поттикнувањето на младите да живеат во подобар свет, да бидат самоисполнети како индивидуи и да имаат конструктивна улога во општеството. Визијата на настанот СМОТРА е да ги обедини сите млади луѓе на едно место и сите тие да се спојат, соработуваат и да пренесуваат позитивна енергија преку музиката, да преземаат динамични работни активности и да влијаат врз промените во општеството Целта на настанот СМОТРА е да ги разбуди скриените таленти, заспаната имагинација, да го поттикни ентузијазмот кај младите луѓе, да станат одговорни членови на нивните локални, национални и меѓународни заедници.