RUN MK 8

run mk

RUN MK – 02 Ноември 2013, САБОТА @Дом на Млади – Штип

ПОЧЕТОК: 21 часот

LineUP:
__________________________________
▷ TREI | Wellington NZ | SOM MUSIC | New Zealand
▷ COOBY SELECTA | MUSTNET | Serbia
▷ ROOTSMAN I | NATTY FIYAH | Macedonia
▷ PUK’KAH | D2 | Macedonia
▷ S.A.M. | The BASSMIGHTY Kreatorz | Macedonia
▷ NIKOLA | DNB KU | Macedonia
___________________________________
Карти во претпродажба: 150 денари, 200 денари на влезот на фестивалот
Карти во претпродажба од петок (25.10) во кафе бар Попај.

На 10ти април 2010 година, стартува традицијата на RUN MK зачинета со имињата на големите Drum and Bass имиња. Овој фестивал ги запозна младите со еден малку поинаков – урбан начин на живот и забава.
Сцената го доби својот Logical dream, кога на неа се качи BIG BUD и NOOKIE едни од пионерите на британската Јungle сцена од 90-тите за потоа на сцената на RUN MK да се појави еден од најдобрите малади продуценти во светот B-COMPLEX од Hospital Records.
Од македонската сцена досега настапија Darko Stepic, Don Jole, Kenobiben, Hade, Dj Slave, Active Rasta Selectors, Visok Napon, Hypertech, Game Over и Blagorodna. Покрај артистите од домашната сцена RUN MK ја обедини Балканската сцена од која се појавија Rahmanee [Белград, Србија], Logical Dream [Бар, Црна Гора], Rim Runner [Белград, Србија], MC Bo_JAH [Белград, Србија], Kaiah [Белград, Србија], MC WackWacko [Нови Сад, Србија], Dj Jelow [Нови Сад, Србија]. Голем број млади од сите краеви на Македонија, Балканот, па и пошироко го почувствуваа ритамот и енергијата на досегашните 6 изданија на RUN MK.
Во арт досието на RUN MK свој креативен печат оставија – Ирена Мила, Катерина Тери Николовска, Маја Рамона Крстевска, Сара Петров, Душан Стојчев, Христина Спирова.. Фотографи, сликари, графички дизајнери кои ги визуелизирааат своите идеи промовирајќи младински активизам и слобода на изразување.