Дебатно кино – Контра Кадар
Четврток 21 ное. – 20:00ч.
Taste of Cherry е фантастичен ирански игран филм, за човек во средна доба од својот живот, кој што сака да изврши самоубиство, преку предозирање со апчиња за спиење. Притоа, тој се вози со својот автомобил по предградието на Техеран барајќи човек кој што во замена за голема сума на пари, ќе го закопа под црешово дрво, ако успее да се самоубие или да го спаси, ако не успее.
Гостин на проекцијата: Д-р. Ристо Солунчев, доцент на институтот за филозоофија, Филозофски факултет – Скопје.
Прашања кои што може да ги дискутираме после филмот:
1. Дали самоубиството е решение за некој проблем?
2. Како може да се делува превентивно, доколку нечиј психички профил е склон кон самоубиство?
3. Како може да се процени дали нечија потиштеност, депресивност и слично, може да го наведат да се повреди самиот?
4. Зошто луѓето посегнуваат по својот живот?
5. Како општеството влијае психо-физички врз луѓето?
Режисер: Abbas Kiarostami
Локација: Малата сала од Центарот за култура на Битола
Време: 20:00
Влез: Слободен
После филмот, ќе има и дискусија. Темата на дискусијата е прилично актуелна, сериозна и чувствителна – останате на дискусија.