Одличен викенд во Лектира Кабаре

Лектира Кабаре како и секогаш до сега ни најавуваат одличен и содржаен викенд. Подолу можете да ја прегледате целосната програма со бендовите и диџеите кои ќе настапуваат.

 

[accordion][spoiler title=”Четврток  (14.11.13)”]

 BACKDOOR BAND

backdoor band

Backdoor Band – Охридски бенд формиран пред 3 години од 4 рокенрол ентузијасти:
Вокал: Жаре Јакимоски
Гитара: Лазе Фармакоски
Бас гитара: Александар Маркович
Тапани: Никола Кољушевски – Ozzy


[/spoiler] [spoiler title=”Петок (15.11.13)”]

Dance Stage:

Vidinovski

vidinovski

Љубовта кон басот и рајдот го прават Видиновски дел од денс сцената повеќе од 15 години,  во кој како дел од дуото Sound Diffusion има над 30 изданија на светски познати издавачки куќи. 2012-тата е годината кога го започнува својот соло продукциски проект, поради потребата од сосема интимен и личен музички израз. Видиновски со своите најблиски пријатели е сопственик на издавачката куќа Argumento Music, основач е и на Excel Recordings, работи како промотер на андерграунд денс журки и е страсен колекционер на плочи. Техното и хаусот се полињата на неговиот професионален музички интерес, кој го има презентирано на многу забави и фестивали низ Европа.

 

Dejan Dex

IMG_8417

Dejan Dex e млад диџеј и продуцент од Битола. Своите први траки ги издава во 2008ма година, а досега неговата музика има наидено на поддршка од повеќе познати имиња како: DJ W!ld, Stacey Pullen, Jens Bond, Axel Bartsch, Guy J, 3 Channels, Ramon Tapia и многу други. До сега има издадено музика за следните издавачки куќи: Nordik Net , Nulogic , Artefact , Ban-Off, Housecast, Tokyo Red, Excel и Balkan Connection.

 

Main Stage:

Saso Spect

[/spoiler] [spoiler title=”Сабота (16.11.13)”]

Dance Stage

Димитар Додовски

dodovski

Продуцент и диџеј, живее и работи во Битола. Повремено работи и графички дизајн, видео а има и настапувано со свој уметнички перформанс на Урбан Фестивал во Загреб, Хрватска. Поголемиот дел од времето се фокусира на музичкиот дел особено проектот Moss Garden заедно со Lee Norris (UK) кој добива најпозитивни оценки на светските сајтови кои третираат електронска музика. Со својот самостоен музички проект кој се движи во водите на експерименталната електронска музика досега настапувал безброј пати на разни домашни фестивали и настани од помал обем од кои најинтересни се настапите со Сашко Костов во рамките на De:sonanz фестивалот во 2009 и Здраво Млади фестивалот во 2011.

TZobe

tzobe

11.02.2007 – Dj contest – Битола, побединик Тzobe. Слободан на своите 17години беше назначен како најталентиран млад диџеј. После тој примат ништо не му беше како претходно, затоа што тоа му беше доволен мотив да продолжи професионално да се занимава со диџејство. Во првите чекори во за него новата професија беше соработката со Goran Tech. Во текот на истата година за прв пат станува член на агенцијата Domino Dancing. По распадот наDomino Dancing, продолжува да соработува со booking aгенцијата Fresh Union, преку која што почнува да настапува во повеќе градови низ Македонија.
Од 2010 година станува член на Асоцијација 615. Неговата желба за експериментирање во неговите сетови го прошири неговиот спектрар на различни жанрови и стилови на електронска музика. Со настапот на Смотра 1 неговото ексериментриање со музиката се експонира со искршени ритми (Break Beat).
Кон крајот на 2012 година TZobe се навраќа кон за него базична музичка култура (техно) каде продолжува со своите техно сетови на различни настани. Инспириран од неговите последни настапи во Лектира Кабаре ни испраќа во прилог ни испраќа Podcast 2013-10-11.
TZobe во иднина со своите настапи ни ветува повеќе енергија на бината и уште подобри звуци и техники кои ги спрема да ги презентира на публиката.

Main Stage

C-Pure

[/spoiler] [spoiler title=”Недела (17.11.13)”]

BObba Funk & Fichii

[/spoiler] [/accordion]