Drum n bass легендата Chris.SU доаѓа во Скопје

Chris SU cover photo

chris suChris.SU, еден од водечките drum n bass продуценти и диџеи во Европа, доаѓа во Македонија.
Својата кариера како продуцент на електронска музика ја започнува во далечната 1996, додека првото издадено парче излегува во продажба во 2000 година. Во 2001 започнува да настапува како диџеј, и по кратко време бележи настапи низ целиот свет. Неколку пати е прогласен за диџеј на годината и за технички најспремен диџеј од страна на читателите на неколку престижни музички списанија и портали.

Покрај својата соло кариера, познат е и по својата соработка со многу големи имиња од светот на драменбејз музиката, меѓу кои Black Sun Empire, Concord Dawn, State of Mind, Ill.Skillz, SKC и многу други.

Настапот во Скопје е дел од промотивната турнеја по повод стартувањето на неговата музичка продукција, наречена FATE Recordings.

Настанот кој е во организација на Beats Bazaar и DnB KU ќе се оддржи во Капан Ан, Скопје, во Сабота, 23.11.2013, со почеток во 00:00. Влезниците ќе се продаваат по цена од 200 денари Локална поддршка на сетот на Chris.SU ќе бидат Darko Stepic, Hypertech, Nikola, Tecktone, Puk’kah и HansSHC.