Аларм фестивал!

АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА е иницијатива за обединување на  силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја  е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина,  да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата.

 Alarm-2013

Повеќе информации можете да најдете на http://www.alarmzaprirodata.mk