Проекција на филмот „Baraka“

baraka-film-Во груб превод филмот на суфитски значи „здив на животот“. Според режисерот, филмот е кинематографска медитација, сниман во 24 земји, во 6 континенти во период од 14 месеци како синтеза од религиски ритуали, природни феномени и деструктивноста на човекот. Меѓу другото, изобилува со одлични фотографски ефекти и перфектно контролирани движења на камерата.

Гостин на проекцијата: Наде Геневска Брачиќ, етнолог кустос советник при Н.У. Завод и музеј Битола

Режисер: Ron Fricke
Локација: Малата сала од Центарот за култура, Битола
Четврток, о5 декември
Почеток: 21:00
Влез: Слободен

Контра Кадар е дискусионо/дебатно кино. Принципот е проекција на филмови и модерирана дискусија. Контра кадар е синтеза од активистички мотиви и ангажирана – филмска уметност, следејќи ги актуелните случувања и табу-теми, односно сè што нè опкружува и влијаее на нашето секојдневие, без маргини и без компромиси. Целта е да се развие квалитетна полемика низ аргументи, која изостанува и му недостига на нашето општество, а е клучна за развојот на здравата мисла и ширење на хоризонтотите, односно создавање на поширока перцепција и критицизам кон општествените појави.