Звукот на Детроит во Македонската филхармонија

Derrick-May

Македонската филхармонија ја покажа нејзината светска големина на настапот со светски познатиот диџеј и продуцент Дерик Меј. Во двочасовниот настап, покрај диригирањето на филхармонијата Емин Џијан ја диригираше и публиката. Тој беше мостот и тенката линија помеѓу Дерик Меј, Македонската филхармонија и многубројната публика која не остана рамнодушна на ниту една отсвирена нота.

Дополнителна нота на квалитет и современост додаде и визуелниот дел со добро изрежираниот виџеј сет и светлосните ефекти кои доловуваа различни чувства во склоп со музиката. Овој настан како што најавуваат организаторите е дел од серијата настани под назив ,,Musica Universalis’’ и воедно беше доказ дека Македонија има филхармонија која е рамо до рамо со сите останати светски филхармонии. Од овој ден Македонија остави силен печат на мапата за електронска музика низ светот како земја со народ кој има високи норми за музика, но кој знае и добро да се забавува.

Тимот на Асоцијација 615 ги поздравува ваквите мултимедијални настани каде има спој на аудио визуелните уметности, и се надеваме ќе известуваме и присуствуваме на уште многу настани во иднина од ваков карактер.