Втора година од Valhalla фестивалот

Valhalla_2013По првото успешно и целосно распродадено во поглед на влезници, издание на фестивалот Valhalla, дојде времето и за второто издание, кое ќе се одржи во сабота на 21 декември. Халите во Амстердам понудија засолниште не само за разновидните стилови на електронска музика, туку и на најбизарните циркуски акти и атракции. А извонредно привлечната средина е предизвик и изненадување за сите оние кој се во потрага по искуство и авантура.

Фестивалот Valhalla ќе биде буквално еден „музички циркус“, составен од настапите на познати изведувачи и циркус атракција како онаа во 20тите години од минатиот век. Секој агол од халите ќе биде исполнет со најбизарните  екстравагантности и луди акти. Акробати на сцените и танцување на подиумот исто така ќе бидат на програмата.

На овај „музички циркус“ ќе настапат имиња како: Solomun and Kölsch LIVE, Alan Fitzpatrick, Egbert LIVE, Space Dimension Controller, Marek Hemmann, Joris Delacroix и многу други. За повеќе информации можете да ја посетите официјалната веб страна на фестивалот.