Водич во електронската музика (Стилови, потекло и.т.н.)

Стиловите во музиката постојано еволуираат, се претопуваат едни во други, циклично се повторуваат и воскреснуваат како revivals…така што секогаш можеме да најдеме некој нов музички амалгам кој ќе звучи интересно.

Некогаш е комплицирано да одредите која трака/музичка нумера на кој стил му припаѓа (иако тоа не е најважно во уживањето на музиката), но секој кој е фокусиран љубител на електронската музика може преку долунаведениот едноставен интерфејс да навлезе во потеклото и поврзаноста меѓу стиловите, како и да се запознае со нив преку кратки описи и аудиоклипови.

Куриозитет е што често се случува кога на некој од настаните на 615 да се пушта Dnb, dubstep, breakbeat, NuDisco, луѓето да мислат и разговараат меѓу себе дека сето тоа е Теchno и обратно.