Внесете креативност во вашиот DJ-сет

dmx showВнесете креативност во вашиот DJ-сет, без музиката да биде единственото нешто на кое ќе се посветите додека настапувате. Голем број на DJ-и низ светот го користат подолу наведениот метод за да ги зачинат и да додадат динамика, целокупност во мултимедијална смисла и доживување на своите настапи. Настапите на артистите од издавачката куќа M-nus, а посебно на нивниот фронтмен и основач Richie Hawtin се одличен пример. Тимот на Асоцијација 615 имаше можност да присуствува на неговиот настап во Бугарија за време на Solar Easter и воопшто не е сеедно дали има или нема осветлување и VJ-сет за време на еден настап. Доживувањето е многу поинакво и покомплетно кога ќе се спојат сите овие работи, а нормално и додавате вредност и оригиналност на вашите настапи.

Тимот на Асоцијација 615 веќе работи на реализирањето на вакви аудио-визуелни проекти, па ако некој артист / диџеј има желба за воведување на иновација, креативност, динамика и оригиналност во својот настап- стоиме на располагање со светлосни и VJ ефекти, контролери…

Еве еден мал пример за тоа кој софтвер се користи? Каков тип на осветлување ви е потребно? Кои се можностите?