Underground Resistance

wheels-Mike-Banks-articleInline

Underground Resistance е роден од силата на Public Enemy и љубовта кон прецизноста на Kraftwerk. UR е роден во борбен менталитет. Тоа е продолжение на долга битка и се служи со сета расположлива технологија за да напредува во таа војна. Како основачи на UR се јавуваат Mike Banks – кој е душата на детроитското техно и Jeff Mills. Преку UR сакаа да се изразат со звук, сликата била непотребна. Беа против сето она што човек треба да се согласи за да стане ѕвезда. Поради тоа што беа студиски музичари, одлучија доколку луѓето сакаат да ги запознаат, тоа нека биде поради нивната музика, а не поради нивните лица или нивната кожа. Детроит и целокупното искуство на црна Америка го родија Underground Resistance. UR е продолжение на непрекинатата животна борба со секојдневието. Да се започне отпор кон мејнстримот.

jeff millsОд машините на Jeff Mills и клавијатурите на Mike Banks се создаде неверојатно опремено студио. Во тоа време не се работеше на компјутер. Инструменталните делови ги пишуваа заедно. Mike свиреше клавијатури, потоа заминуваше од студиото оставајќи му го на Jeff подготвувањето на миксот на микс-пултот.

Првата плоча Your Time is UP на UR е објавена во 1990-та .