TRAP DA FUCK UP @MKC [14.02.2015]

TDFU_cover
Во сабота на 14 февруари, во Младинскиот Културен Центар во Скопје ќе се одржи специјалното издание на „TRAP DA FUCK UP“ за св.Трифун и Валентајн.

TRAP DA FUCK UP се серија на забави на кои се промовира најсвежото од светот на трап музиката. По одличните претходни изданија и високата посетеност на забавите, настанот се сели во поголем простор на задоволство на сите фанови на трап звукот. На сцената во МКЦ ќе настапат: Anomalia Nativa, DJ Irie Scratch, Bass Infusion, DJ Goce D’Sauce, Kesko, Glodaragz и Tombfixxa, а визуелното шоу ќе биде дело на VJ Muter.

Trap Da Fuck Up колективот на овој настан ќе ја промовира и новата црвена серија налепници и TrapDaFuckUp колекцијата на маици. Налепници ќе добијат сите посетители при самиот влез на настанот.

За сите инстаграмџии #TrapDaFuckUp организира и натпревар на кој може да се добијат влезници и маици. Повеќе информации за натпреварот на официјалниот инстаграм профил на TRAP DA FUCK UP.

Почетокот на настанот е закажан за 23 часот, а карти може да се земат на самиот влез во МКЦ – Скопје по цена од 200 денари.

дополнителни информации на:

http://www.facebook.com/trapdafckup
http://www.facebook.com/events/1582439575305378
http://instagram.com/trapdafuckup