Топ 5 училишта за аудио инженеринг

audioengineering_102113За многу од оние кој го посветиле своето време и ресурси на креирање музика, во одреден степен од својата кариера доаѓаат до момент кога размислуваат како да ја издигнат својата музика на повисоко ниво. Но како да се усоврши занаетот на аудио инженерингот? Аудио инженерингот е одговорен за креирањето, снимањето, миксањето и мастерингот на една трака. И поради тоа едноставно некогаш е потребно учење на овај занает одколку едноставно експериментирање и пракса во таа сфера. За таа цел сајтот  DJ Tech Tools креираше листа на 5те најпрестижни и најдобри училишта за аудио инженеринг во светот. Тоа се:

 

1. Академијата за музика – Беркли
Степен на едукација: Диплома за продуцентски и аудио инжинер
Патриципација: 63,763 долари
Број на кредити: 120
Локација: Бостон, Масачусетс и Лос Анџелес, Калифорнија

2. Универзитетот Full Sail
Степен на едукација: Диплома за музички уметности
Партиципација: 75,000 долари
Број на кредити: 130
Локација: Винтер Парк, Флорида

3. Универзитетот Loyola Marymount
Степен на едукација: Диплома за музички уметности
Партиципација: 157,376 долари
Број на кредити: 120
Локација: Лос Анџелес, Калифорнија

4. Колеџот Ex’pression
Степен на едукација: Диплома за применета музичка наука
Партиципација: 94,400 долари
Број на кредити: 120
Локација: Сан Хозе, Калифорнија

5. Институтот ЅАЕ
Степен на едукација: Диплома за наука на уметност: звуци и музика
Партиципација: 39,800 долари
Број на кредити: 120
Локација: Сиднеј, Австралија и 49 други локации