СМОТРА #10 фестивал

По девет непрекинати изданија, обединувајќи ги најдобрите таленти успеавме да изградиме и одржиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија.

Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Овој мултимедијален проект во форма на музички фестивал е креиран од млади ентузијасти со цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности.

Line-up:

16ти Јули 2022, 21:00ч, Стара Битолска Чаршија – ул. Панда Чеснова

Сите досегашни изданија не би биле толку успешни без поддршката од нашите волонтери. Затоа, ги повикуваме и оваа година да се приклучат на јубилејното 10-то по ред издание.

Покровител: Општина Битола, БитФест 2022