Rage Against the Machine, Public Enemy & Cypress Hill формираат супер група – Prophets Of Rage

ratm

Неодамна, америчкиот бенд Rage Against The Machine, кој не е активен од 2011 година, објави веб страна која одбројува до 1ви Јуни. На страната е истакнат и хаштаг #TakeThePowerBack, што асоцира на повторно обединување на бендот.

Но, не е баш така. Страната ProphetsOfRage.com всушнст најавува потполно нов бенд, составен од членовите на RATM, Public Enemy и Cypress Hill.

Членовите на Rage Against The Machinе, гитаристот Tom Morello, басистот Tim Commerford и тапанарот Brad Wilk ги соеднинија снагите со Chuck D од Public Enemy и B-Real oд Cypress Hill за да ја основаат супер групата Prophets Of Rage.

Името на бендот Prophets Of Rage доаѓа од истоимената песна на Public Enemy од 1988 година (албум It Takes Nation of Millions to Hold Us Back). Пеачот на RATM, Zack de la Rocha не е дел во овај проект.

Бендот ќе има настап на 3ти Јуни во Hollywood Palladiumu, а планиран е и настап во LA Whisky a Go Go.

Извор [mixmagadria.com]