Поддршка за Летечки пекинезери

Момците од бендот „Летечки пекинезери“ кои свират свинг во моментов го пробиваат патот на Македонија до светската џез-сцена! Тие имаат единствена шанса да нè претставуваат во светската престолнина – Њујорк!

На македонската публика тие ѝ се веќе добро познати по своите одлични настапи во живо, а сега заслужно се најдоа во конкуренција на онлајн натпреварот „Made in NY jazz competition“, кој годинава се одржува по првпат, со што добија шанса да му станат познати и на светот.

letecki pikinejzeri2

Натпреварот има 7 категории – соло инструмент, соло вокал, мал бенд, голем бенд, аранжман, композитор и дигитална музика. Летечки пекинезери се во категоријата мал бенд.

Оценувањето е така конципирано што се бројат гласовите добиени на Интернет и гласовите на жирито, составено од некои од најдобрите современи џез-музичари како што се: Џои Ловано, Лени Вајт и Ренди Брекер. Жирито ќе одбере по еден кандидат од секоја категорија, а оние што добиле најмногу гласови на Интернет одат во финалето по автоматизам.

Победникот на натпреварот ќе добие 3000$ и настап на фестивалот „Made in NY Jazz“ во ноември. Момците наградата би ја искористиле за да снимат нов албум на кој многумина ќе му се израдуваат, а материјалот е веќе спремен и се чека само да влезат во студио.

Затоа маусот во рака и гласајте (побрзо!) за нашите музичари да ги пратиме во Њујорк! Вашиот глас можете да го дадете тука.

извор:ladybook.mk