Отворен Повик за Илустрации

imka -ilustraciiМладинската асоцијација ИМКА Битола го објави ЧЕТВРТИОТ ПОВИК ЗА ИЛУСТРАЦИИ на тема:
ФАНТАСТИКА, НАУЧНА ФАНТАСТИКА, МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ
FANTASY ART, SCIENCE FICTION, MYTHS & LEGENDS!

Овој пат, изложбата е дел од културното лето БИТ ФЕСТ ’14, каде што како настан е обележана под скратеното име „Изложба на фантастика, митови и легенди“.

На дадената тема еден автор можи да испрати едно или повеќе дела со минимум А4 / 300дпи или со поголеми димензи на е-пошта: contact@ymcabitola.org.mk

ПОВИКОТ Е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ ЖИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И СИТЕ ШТО ПО ПОТЕКЛО СЕ МАКЕДОНЦИ или кои што заради различни причини се чувствуваат како македонци. Стилот на работа е слободен. Доколку немате електронска копија од вашето дело, Ви препорачуваме да направите и таа електронска копија да ја испратите на горенаведената е-пошта. Доколку има повеќе пристигнати дела од колку што дозволува просторот за изложување, предност во изборот ќе имат дела кои не биле претходно објавувани.

Краен рок за испраќање е 2-ри Август 2014 (сабота).

Оваа изложба е организирана од младинската асоцијација ИМКА Битола а поддржана е од Општина Битола.

Скромно, со оваа изложба ИМКА Битола се обидува да го промовира цртањето и илустрациите како вид на уметничко изразување за кое верува дека Македонија е плодно тло, кое давало и сеуште дава многу талентирани автори. Истовремено, со оваа изложба ја збогатува и понудата на културни настани на БИТ ФЕСТ, едно од препознатливите вакви случувања во државава.