Некои диџеи не прифаќаат музички желби

1374154_10153366105660245_1705944459_nЗа време на настапот на Michael Woods во Јужна Кореа, еден специфичен гостин се качил во DJ кабината и нарачал хип-хоп песна. Веројатно инспириран од случката во Лас Вегас за време на настапот на Deadmau5, Џастин Бибер побарал хип-хоп песна од Michael Woods, но за разлика од Deadmau5, Woods веројатно не исполнува музички желби, па го избркал пејачот од кабината со зборовите „F**k Off“.

Според  Michael Woods незадоволниот Џастин во тој момент се обидел да го удри неговиот менаџерот. Но, организаторот Ben Baller вели дека Woods претерува, односно, дека имало жестока расправија меѓу нив двајцата во врска со музиката, но дека се навреме било спречено и дека немало никакви физички пресметки.

По оваа случка Deadmau5, кој предходно исто  имал проблеми со пејачот, му се извинил на Michael Woods од името на цела Канада и искоментирал: „Некој треба да му се качи на Џастин на сцена кога ќе има настап и да му кажува што да пее!“.

Поуката на денот: Сите пари на светот неможат да ти купат култура!

Целата приказна можете да ја прочитате овде.