Најавени првите изведувачи на DIMENSIONS 2015!

Dimensions2015logo
Dimensions festival, европскиот епицентар на најсвежата електронска музика, штотуку ја објави првата рунда на изведувачи. Овој фестивал е ценет поради необичната и единствена локација, интимната атмосфера, но и истанчениот вкус за музика и политика за избор на најдобрите house, techno, jazz, soul, drum and bass и psych водечки изведувачи; диџеи, продуценти, бендови, издавачки куќи и колективи. Во таа долга листа на изведувачи која постепено ќе се зголемува, нема место за пролазни трендови; се е подредено на уметниците кои се посветени на занаетот, кои навистина носат нешто посебно на преубавата фестивалска локација – тврдината Punta Christo, полуостровот Štinjan и пулската арена.

mdm

На тврдината Punta Christo повторно се враќа фестивалската икона Moodymann, на кој минатогодишниот настап беше еден од најдобрите. Овој основач на детроитскиот звук, после 20 годишната кариера и понатаму е на врвот на продуцирањето, што докажува и неговиот минатогодишен албум кој ги зазеде највисоките места на топ листите. Moodyman е мајсторот за бришење на границите помеѓу жанровите, а во своите интересни настапи со леснотија ја разигрува публиката со мешавина на house, soul, funk и hip-hop музика. Во Пула ќе пристигне уште една клучна фигура во хауз музиката – Lil Louis чие влијание на клубската музика и продукција трае уште од култните песни French Kiss од 1989 година. Британскиот електронски изведувач Mount Kimbie исто така познат по мешањето на уникатни жанрови, на тврдината донесува една поинаква музичка димензија.

Доза чист и остар техно звук по кој го препознаваме европскиот култен клуб –  Berghain, ќе пренеси на Хрватската обала некој од домаќините на клубот – Ben Klock и  Rodhad, нивниот “техно” колега Surgeon, како еден од водечките архитекти на британскиот техно звук и еден од најбараните техно изведувачи на светско ниво.

Британската издавачка куќа Hessle Audio на тврдината ќе ги испрати своите пионери Pearson Sound, Ben UFO и Pangaeau

Врвни технички вешти ќе демострира секогаш брилијантниот Motor City Drum Ensemble, а мистичниот шпански John Talabot ќе препушти неговата магична музика да зборува за него.

Младиот и одличен продуцент Max Graef кој е голем љубител на фестивалот, ќе настапи за прв пат оваа година. Исто така се враќаат и Jeremy Underground и неговиот колега од Париз Franck Roger. Goldie, Doc Scott, ќе бидат задолжени за drum-n-bass, како и Dego, другата половина од култните 4Hero. Кога сме кај мешањето на различни стилови, тука се  Deadbeat, а Tikiman ќе не опушта со неговиот downtempo, groovy techno стил.

Овај фестивал секогаш се труди да ја преслика снажната динамика на електронската сцена, откривајки млади и перспективни изведувачи како што е новата издавачка куќа 22a Records. Тука е и K15, понатаму Clap!Clap! кој на интелигентен начин ги користи звуците на традиционалните афрички племиња.

Меѓу најавените први изведувачи се и Onsulate,  Daniel Avery, Delano Smith i Horse Meet Disco, Paranoid London, DJ Deep, Edward, Vril, Dustin i Konstantin

Повеќе информации можете да погледнете на www.dimensionsfestival.com