Музички апликации за Андроид – Битолски производ!

Во светот на музичката продукција се случуваат промени во секој момент. Во минатите декади aналогната опрема (ритам машини, синтисајзери, миксери) беше привилегија на ретки продуценти, но како се развиваа компјутерите и нивната моќ на процесирање, се појавија разно-разни софтверски емулации на истите и станаа достапни за секој. Од друга страна мобилните телефони ја достигнаа брзината на еден просечен персонален компјутер така што нивната употреба се прошири од класичното јавување и праќање пораки, до посложени типови на комуникација на интернет се до користење како инструменти во живите настапи на продуцентите.

timthumb

Борче Трајковски е повеќегодишен програмер и фриленсер но и продуцент, диџеј, инженер на звук. Неговото име е поврзано со 15 апликации за Андроид платформата на мобилни телефони од кои повеќето се практичен спој на неговата страст за музика и програмирање, т.е апликации за миксање, секвенцирање и изведување на музика.

 dmachine1  dmachine2

Drum Machine е апликација за програмирање битови, секвенцирање лупови со базични семпл звуци со студиски квалитет превземени од најпопуларните аналогни и дигитални ритам машини до 80тите и 90тите години. Корисниците на апликацијата можат да снимаат свои звуци, вокали и да ги комбинираат со веќе постоечките.

 wmixer1

 djcontrol1

Wireless Mixer е апликација за студиско миксање која користи WiFi опција со што е можна real time проверка на миксот во било кој агол од студиото. Може да се користи со било кој DAW (digital audio workstation) т.е било кој современ софтвер за музичка продукција.

DJ Control е апликација за безжично контролирање на вашиот Traktor DJ Studio, Virtual DJ која е директна емулација на Hercules DJ Console RMX.

 mypiano1  mybeatbox2
My Piano e апликација со висококвалитетен пијано звук, звучни ефекти, интегриран семплер, MIDI преку WiFi, и други опции погодни за напредни корисници. My Beatbox е апликација за битбоксери со која се генерираат автоматски ритми во техно, хипхоп, биг бит стил и лупови од снимени, изговорени звуци.

За останатите апликации можете да погледнете на неговиот сајт: http://trajkovski.net