Македонија е повторно на светската мапа на електронската музичка сцена

Звукот на Детроит по втор пат на Антички театар во Охрид. Оваа година Izlet Music, Music Incubator, Balance и Sektor 909, со особена чест и задоволство го најавуваат гостувањето на пионирите на техно звукот The Originator – Juan Atkins & Jeff Mills на 2-ри август, во Охрид.

The Originator” инспириран од желбата за создавање на уникатно музичко-сценско дело, во кое главни протагонисти ќе бидат JUAN ATKINS и Македонската Филхармонија, под уметничко раководство на виртуозот ЏИЈАН ЕМИН, преточени во неповторливо доживување, под отворено небо.

Juan Atkins е музичар, кому му се припишува заслугата за креатор на техно музиката, позната како Detroit Techno откако Atkins и техно ко-креаторите Derrick May и Kevin Saunderson го формирале познатото триото, често нарекувано “the Belleville Three”.

Фотографија: Michael Tullberg/Getty Images

Atkins започнува со продуцирање како Model 500 во 1985 со траките “No UFO’s,” “Night Drive,” “Future,” и “Clear”, а продолжува со продуцирање сопствена музика и музика на останати артисти под Metroplex Records label-от. Juan Atkins и Derrik May меѓудругото биле и оригиналните членови на Detroit’s Plus 8 Crew, со низа останати реномирани DJ, вклучувајќи ги и UR, со кои го обликуваат Detroit Techno и продолжуваат да инспирираат многу генерации да го следат иконичниот звук кој го создале.


Џијан Емин е човек со (без) име и презиме. Токму онака како што своевремено пееше „Архангел“, група во којашто едно време и самиот беше член. Име и презиме кое се запаметува на прва, човек за кого и светот слушна.

фотографија: www.novamakedonija.com.mk

Неговата силна желба сето она што како музички уметник во младоста го стекнал и го практикувал да го преточи еден ден во, велат, најкомплексниот сегмент од најубавата уметност – диригирањето нему му се оствари. Џијан Емин застана зад пултот со Македонска филхармонија во повеќе значајни проекти изминатите неколку години, во дел од нив и како оркестратор, привлекувајќи го силно вниманието на јавноста.

The Originator ќе се одржи на 2-ри август во Античкиот театар во Охрид, со почеток од 22:00 часот, каде светски реномираната музика на Juan Atkins – креаторот на техно музиката, ќе биде проследена со звуците на Македонската Филхармонија, придружено со разни аудио-визуелни ефекти, нудејќи футуристичко, мултисензорно доживување за целата публика.

Ваков автентичен настан се случи во 2014 година каде Македонската Филхармонија и Дерик Меј под диригентската палка на Емин Џијан ја воодушевија многубројната публика и не ја оставија рамнодушна на ниту една отсвирена нота.

Влезниците за настаните се пуштени во продажба низ продажните места на kupikartizase.com, mktickets.mk како и Излет Кафе, Кино Карпош, Винил и Синдикат.

Линк до фејсбук настан.