Кратка историја на Love Parade

love-parade (1)

Во Јули 1989 година (четири месеци пред падот на Берлинскиот ѕид), на Dr Mot и диџеј Kid Paul им дојде на налудничава идеја: да најмат камион, да вградат во него озвучување и да се возат полека по Курфирштендам, една од артериите на центарот на Берлин. Гласот за тоа веднаш се пренесе низ микрокосмосот на берлинската хаус-сцена, и во рок од четири часа сто и педесет рејвери играа зад камионот во самиот центар на градот. Мотото на овој настан беше изразито хипи: “Peace, love, unity & respect for one another.” Тој ден се роди Love Parade.

Музиката која свиреше на настаните беше претежно електронска денс музика – во овој случај, главно транс, хаус и техно музика. Обидите да се воведат други музички стилови како што е хип хопот беа неуспешни.

Со своите јаки звучни системи за секој камион, на парадата имаше ексремно силен звук . По аранжманот од 2001 година ветеринарите во зоолошката градина во Берлин ја обвинија парадата за вознемирување на животните. Претседателот Хајнер Клоус изјави дека ветеринарите се жалеле дека јакиот бас ги вознемирувал животните.

Парадата беше составена од озвучени камиони, во кои обично пуштаа музика дј-и од познати клубови. Постана правило дека само на камионите, кои имале спонзори поврзани со техно музиката , како што се клубовите, издавачките куќи или продавниците,им е дозволено да учествуваат во парадата , но рекламниот простор е зголемен, откако за опремата камионите во 2006 година требаше огромна сума од финансиски средства. Камионите најчесто беа отворени на врвот и се карактеризираа со танчери, и звучници поставени на страната или на задниот дел.

love-paradeПарадата беше место каде што некои беа изложени и уживаа во егзибиционистичките тенденции на други луѓе. Некои од присутните уживаа во носење играчки наоколу како што се цуцли или маски за лице. Често толпата беше имагинативна во поглед на облеката (но некои беа и без облека). Една позната слика од парадата е луѓе што седат и играат на уличните светилки, дрвја, трговски знаци, телефонски кабини, кој го даде прекарот на настанот “најголемиот аматерски циркус на светот”.

Во 2010 година на Парадата на Љубовта во Дуисбург, бројот на посетители достигна 1,4 милиони – додека нормалното очекување беше околу 800.000 -, а полицијата кажува дека биле присутни околу 400.000 луѓе. 21 лице загинаа, а повеќе од 500 беа повредени, во. инцидент во близина на тунелот што води во фестивалот. Најмалку 20 луѓе завршија со задушување, предизвикано од гужвата на толпата. Експерти за безбедност и инспекторот на противпожарната служба претходно предупреди дека местото не беше погодно за толкав голем број на луѓе. Рајнер Шхалер, организаторот на фестивалот и главно извршно лице,подоцна рече дека фестивалот нема да продолжи во иднина, со што се стави крај на фестивалот.

Крајната истрага на Министерството за внатрешни работи им препиша тешка вина на организаторите околу Рајнер Шхалер. Шхалер пак тврдеше дека грешките се од страна на полицијата односно во контролата на посетителите кои доведоа до несреќата.