Kraftwerk and the Electronic Revolution

Овај документарен филм не е само филм за Kraftwerk како што можи да се исчита од самиот наслов. Тоа е филм за почетоците на така наречениот Krautrock кој за прв пат се појавува во 60/70 тите години. Створен како еден вид отпор или авангарда, анти-популарен рок, претставува мешавина на рок и електронска музика со минималистички аранжмани и импровизации.

Првиот дел од овај трочасовен филм го прати постанокот на краутрокот и на интересен начин ја претставува борбата измегу Берлинската и Дизелдорфската сцена притоа ги наведува главните протагонисти на тоа време, бендови кои неконвенционално ја истражуваат музиката. Дел од нив: Amon Duul, Can, New!, Harmonia, Cluster

Вториот дел од филмот е повеќе фокусиран на кариерата на Kraftwerk од почетоците и понатаму нагласувајки го Autobahn(1974). Голем дел зазема и интервјуто на Karl Bartos, член на составот од 1975-1990 кој изнесува многу интересни информации.

При самиот крај повеќе внимание е дадено на постоечкиот *современиот состав, соработките и влијанијата со различни артисти пр. Brian Eno, Dawid Bowie, Giorgio Moroder.

За крај една напомена: Ова не е концерт на Kraftwerk.

Режија: Rob Johnstone