Клубот Позитив во нова димензија

poster opening copyPositive club

После долгогодишната работа на ова поле, апсорбирајќи нови содржини, спремни сме да понудиме концептуални вечери во ноќниот живот во Битола. Овој пат акцентот е ставен на подиумот, каде ќе настапуваат домашни, но и светски познати диџеи, продуценти и бендови. Можеме да се пофалиме со екстремно добриот саунд систем и светлосни ефекти, со кој се надеваме дека ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на ноќниот живот.

Нашата визија е клубот Позитив да биде епицентар на позитивна енергија, бас вибрации и квалитетна музика проследена со светлосни и визуелни ефекти презентирани од врвни артисти и уметници.
Повеќе информации за сите наши следни настани можете да најдете на нашата официјална фејсбук страна Positive Club

Ве очекуваме на “Opening Party“, а викенд агендата можете да ја погледнете подолу:

[accordion] [spoiler title=”Петок 22.11.2013″]

GTGoran Tech

е диџеј роден `83та во Битола. Почетокот на 21виот век во Битола беа организирани безброј незаборавни журки со познати интернационални диџеи – и од таму доаѓа неговата инспирација и мотив да биде дел од таа сцена. Од 2004та па се до денес тој е дел од клубската сцена во својот град и Македонија организирајќи голем број на помали журки како и големи настани. Подоцна како дел од Fresh Union настапува низ клубовите низ целата држава како и на сите позначајни фестивали. Има настапувано со имиња како Hernan Cattaneo , Henry Saiz , Paco Osuna , KINK , Marko Nastic и многу други.
Од 2008 Горан започнува со продукција на своја сопствена музика каде што ги докажува своите квалитети се повеќе и повеќе. Неговата продукција наидува на поддршка од голем број познати имиња како Laurent Garnier, The Timewriter, Hernan Cattaneo и многу други, неговите траки се потпишани од повеќе издавачки куќи како Artefact Records, Excel, I Records, Tokyo Red recordings, Low Battery.
Во 2013 тој заедно со свите колеги ја основаат Walk&Talk Records која е резултат на нивната долгодишна работа на тоа поле. WTR со своите изданија добива голема поддршка од многу познати светски имиња како и од домашната свена, а тоа е само уште еден мотив за нешто повеќе во иднина.

“We are the music makers, and we are the dreamers of dreams.”
― Arthur O’Shaughnessy

k.petrovskyКристијан Петровски

исто така познат под името K.Petrovsky, е млад диџеј од Битола, Македонија. Првиот професионален контакт со музиката го имал на возраст од само 15 години, на подиумите на многу музички настани од најразличен вид (фестивали, клубски журки, диџејски настапи во кафулиња, итн). Неговите професионални диџејски почетоци беа сериозни и започнаа со резиденции во повеќе помали битолски клубови. На вториот диџејски натпревар во кафе-барот “FX”, под организационата капа на букинг агенцијата Fresh Union од Битола, Kристијан го освои второто место, а со тоа стана дел од истата. Од тој момент па наваму, кариерата на K.Petrovsky оди исклучително во нагорна линија. Списокот на настапи и диџејски искуства постојано се зголемува, а во меѓувреме тој постојано професионално се надоградува. Има настапувано како диџеј на АКТО Фестивалот неколку години по ред, а исто така учествувал и во музичката продукција на истиот. Ја загревал атмосферата пред голем број добро познати и етаблирани диџејски имиња од нашите простори. Дел од нив се Hernan Cattaneo, Mladen Tomic, SABB, Vladimir Acic, Marko Nastic, Saso Recyd, ME.N.U , Francesco Rabostelli , Stojche, Marko Milosavljevic, Sound Diffusion, Flooder, Bazel, Goran Tech итн. Професионалното, а и приватно дружење и соработка со имиња како Goran Tech, Saso Recyd и други му овозможило да работи на проекти како Project BPM, QMM Radio, SHUT Fest итн. Од 2013 год. станува еден од основачите на Walk&Talk Records, амбициозен лејбл за млади и талентирани музички визионери и секако, за продукција и издавање на квалитетна и модерна музика. Неговата кариера допрва ќе го извлекува најдоброто од него. Слушајте и понатаму.

Danny-l

[/spoiler]

[spoiler title=”Сабота 23.11.2013″]

herzelHerzel

е мултиталентиран уметник кој е образован во полето на фотографијата и визуелните уметности. Неговите музички познавања и искуство лежат во неговата страст кон музиката и звукот, а и во многуте години поминати како диџеј. Како уметник, неговото дело се состои од музички аранжмани за визуелни дела, делови од фотографии, видео и аудио инсталации. Во последно време, концептот му е да спојува различни жанрови на електронска музика во неговите траки.
Со последните две винилни изданија No More Lies EP и The Action OF Staying EP , музика која е натопена со магичниот вокал на Геновева и резултат на нивната долготрајна соработка, добиваат заслужена рекација од многубројните етаблирарни автори на електронската музичка сцена денес како Boddika, Joy Orbison, Phon.o, Brendon Moeller, Erol Alkan итн. Плочи кои го нашле патот до подиуми и клубови како Berghain и изданија кои доживеале премиера на радио станици како BBC6.

vasoVasko Netkovski / Vaso

е љубител на музиката откако знае за себе. Вистинска реткост е да се најде некој музички правец на кој не посветил барем некое време од животот во осознавање на истиот. Оттаму не сака да се врзува за само еден музички стил кој го презентира. Не треба да се изненадите ако еднаш чуете негов хаус сет, друг пат драм енд бејс, брејк бит, фанк, хип хоп…
Со осознавањето на хип хоп културата во втората половина на 80-тите години се раѓа и неговата прва музичка љубов – рап музиката. Драм енд бејс, брејк бит, биг бит, трип хоп и, секако, џез музиката беа логична прогресија во неговата музичка опсесија. Тука се раѓа и желбата истата таа музика да ја презентира, аматерски, без некоја голема амбиција.
Пресвртот се случи во втората половина на 90-тите години кога почна интензивно да навраќа во музичката продавница Масива, каде хаус и техно музиката му влегуваат под кожа, местото каде диџеите Песинџер и Тевдо го навлекоа на диџејство… Васо има голема заслуга за ослабените нерви на Песинџер поради толеранцијата која тој ја имаше слушајќи го Васо во обидите за бит мечинг, чекајќи конечно да го направи својот прв микс.
Крајот на 90-тите години го бележат почетокот на неговиот диџејски опус, многуте настапи низ Македонија и пошироко, фестивалите, настапите со буквално најголемите имиња на светската електронска музичка сцена.
До денес има неколку флертови со радиоводителството, водењето клуб, веб страница, продукцијата. Поранешен член е на организацијата Фајрхаус Кру, а сегашен член на организацијата Полукс. Како еден од најголемите поддржувачи на македонската електронска музика, го мрази моментот што соперништвото во музиката и егото на некои диџеи и продуценти има голем удел на опаѓањето на електронската сцена во Македонија. Сепак, верува дека добрата музика и добрата забава ги руши сите бариери и ги обединува сите вери и нации и се надева дека токму поради ова Македонија ќе си го врати реномето кое го имаше до пред неколку години.

[/spoiler]

[/accordion]