Италијански дизајнери прават музика од хартија

music06Од италијанската дизајнерска компанија MusicInk дизајнираа нов сет на алатки кој овозможува електронско креирање на музиката со користење на бои проводници на обично парче хартија.

Со цел за да се научат децата на основите на музиката, MusicInk користи боја проводник (случајно, истата боја која беше искористена во видеото за траката Humanthesize од Calvin Harris), Arduino кутија и апликација за паметни телефони, кој прават обичните парчиња хартија да звучат како гитара, пијано, труба или тапани.Користејќи матрици за да се исцртаат инстументите на хартија, учениците можат да ги додадат тие парчиња хартија на Arduino кутијата, која пак ги пренесува сигналите до апликацијата на телефонот и некако магично, музиката е креирана.

Во моментов, се она што е возможно со технологијата е во почетна фаза, но со малку имагинација можат да излезат бројни можности кој можат да се користат на секакви начини. Кој знае, можеби за некое време ќе можеме самите да креираме MIDI контролери од картони. За да се уверите во текстот можете да го погледнете видеото од учениците кој ја поставуваат интералција со MusicInk хартијата, а за подетални информации за целиот проект можете да прочитате на Wired.