Најскапите 5 минути во ноќен клуб

deadmau5Додека настапувал Deadmau5 во најпознатиот клуб во Лас Вегас ,,XS’ со својот типичен стил на музика (progressive house music) вметнал трака т.е. песна која што не била никогаш дел од некој негов DJ сет, но и никој не очекувал дека ќе слушнат такво нешто токму од Deadmau5. На средината од својот настап ја вметнал – Bon Jovy Livin on a Prayer, a во позадина на стејџот се појавил типот кој што ,,платил” 200 000 долари за да ја слушни таа ноќ песната во клубот, на екранот позади покрај графиките се појавил и натписот- ,,Don mother F—ing Johnson”.

Откако завршил настапот на Deadmau5 тој и неговиот менаџер имале тешка расправија со Johnson (нарачателот кој просечно во една вечер трошел и по 500 000 долари во клубот) бидејќи одбивал да плати за нарачката од 200 000 долари, тој губел многу пари на масата за блек џек и почнал да вика кон Deadmau5 и неговиот менаџер. Наредниот ден си заминал со својот приватен авион, а моментално во тек е судскиот процес помеѓу Deadmau5 и Johnson.
На овој линк можете да ја прочитате целата сторија , а еве и линк со анализи и суми за најплатените артисти во Лас Вегас.

 

Моментот кога Deadmau5 ја исполнуваше музичката желба 🙂