Еволуцијата на Dance музиката

musicmap_101613Мапирањето на траекторијата која денес доведе до постојаното зголемување и појавување на нови жанрови во музика не е лесна задача. Но, еден храбар програмер го постигна тоа ниво, така што направи мапа која ја следи еволуцијата од западната традиционална музика од 18 век па се до денешната Dance музика.

Како што ни покажува мапата се започна току едноставно: старите култури започнаа со истражување на нови начини за правење на музика и правејќи нови инструменти, самите себе се учеа како да ги користат, со што дојде до развој на многу различни регионални стилови. Но како што цивилизацијата почна да се шири преку океаните, тие музики почнаа да се мешаат една со друга. Како што ни покажува мапата (која ја следи музиката во 1800 година па се до денес) размената на музичките идеи постојано го забрзуваше темпото на креирање нови музички форми низ целиот свет.

Оваа мапа на музичко наследство, може да послужи како брз начин да се стекни знаење и подобро разбирање како воопшто стигнавме до овај стил на музика кој го слушаме денес.

Погледнете ја мапата овде, за подобро да разберете за што зборуваме.