Dimensions Festival – 3та епизода со огромен успех

Галерија Dimensions 2014 – Photo: Marcsethi

13 часа патување, повеќе од 1200 километри во правец. Нашата финална дестинација – пулската арена и тврдината Пунта Христо покрај блескавото јадранско крајбрежје.

Преку 7000 посетители од целиот свет присуствуваа на третиот по ред – веќе легендарен фестивал DIMENSIONS 2014. Верната публика собирајќи се од сите страни како делови од една динамична целина, креираа вистинско фестивалско искуство.

Обединувајќи ги најдобрите таленти од сите спектри на електронската музика, Dimensions е дестилатор на најдобрите електронски звуци. Со величенственото отворање на Caribou и Darkside во пулската арена, проследено со четиридневни журки на плажа и пулсирачки ноќи во тврдината од 19ти век – Пунта Христо фестивалот достигна нови височини на крајот на Август.

Со одличните диџеј сетови и настапи во живо на Roy Ayers, Warpaint, Moodyman, Nina Kraviz, Theo Parrish, Ben Klock, Gilles Peterson, Metro Area, Daphni, Robert Hood, Ben Klock, Marcel Dettmann, Nina Kraviz, Floating Points, Omar (live), Jackmaster and Oneman Can U Dance и многу други, Dimensions го задржа интегритетот и епитетот најдобар фестивал за електронска музика.

Галерија Dimensions 2014 – Photo: Dan Medhurst