Dimensions Festival 2013

dimensions-lineup

Dimensions festival е еден од најголемите фестивали на електронска – некомерцијална музика или како што неговите организатори го претставуваат (underground electronic music) кој се одржува на тврдината Пунта Кристо* во Пула, Хрватска од 5-9 Септември 2013г. Оваа година за прв пат на покана од наш пријател од Пула решивме да го посетиме.
Со неговата локација и артистите кои настапуваат претставува права посластица за сите оние кои се спремни да избегаат од жешкиот летен асфалт и да уживаат во прекрасниот залез на соцето и одличните сетови од познати светски бендови и диск/џокеи.

Фестивалот го отвори Bonobo, во пулскиот амфитеатар со енергичен настап како најава за она што следува во наредните денови. Просторот на тврдината е поделен на 8 бини, лесно достапни и не премногу оддалечени, а секоја нуди различен стил на музика. Стартот е официјално означен во 20 часот а се до тогаш се случуваар различни (boat and beach parties) на кои можите да се *одморите* од напорната ноќ, да пливате и да фатите боја.

За крај ќе пробаме да издвоиме некој од артистите кој со нивните настапи предизвикаа и го оправдаа името на самиот фестивал: започнуваме со настапите на The Clearing: Matthew Halsall Trio live; Portico Quartet live; Gilles Peterson; Mount Kimbie live; Funkineven; Model 500.. продолжуваме со настапите во The Moat: Norman Nudge; Ben Klock; Pearson sound; Ben Ufo.
Не се заборавени ни оние кои уживаат да се дават во бас и топло им го препорачуваме: Mungo′s Arena. Внимавајте и немојте да заборавите чеп за уши!

За крај ги издвојуваме и настапите на техно ветераните: 3Chairs, Theo Parrish, Moodymann, Marcellus Pittman, а никако нема да го заборавиме настапот на Dulash der dj, можда и еден од најдобрите настапи. Ќе ја искористиме ова прилика да го поздравиме.
Се гледаме наредната година на истото место во друго време.