Detroit Vibes (playlist)

Detroit-in-ruins-13

Детроит е ознака за квалитет. Од истражувањето на џезот и ритамот и блузот, се до изумот на футуристичкиот фанк на George Clinton, преку истражувањето на гневот на MC5 или на Stooges, и неодминливиот соул на Motown.
За Америка, која со мака се сеќава на тоа, Детроит е светла точка на ноќната култура во таа земја.  За некои, Детроит е мајка на техното, земја на болката, каде што џезот, последната голема музика на дваесеттиот век, се преобразува во електронска музика. Зашто техното може да се гледа како урбано продолжение на џезот. Од John Coltrain до Derrick May, опсесиите се исти: простор, време, грув и бескрајна меланхолија.