Daniela La Luz

daniela la luz

“Даниела Ла Луз” го следи принципот “Daring is caring” кој инволвира најразличен дијапазон на жанрови во нејзината продукција и настапи во живо, затоа што тоа е забавно и ужива во задоволството на изненадување.

Во 2007 започнува да се занимава со продукција на електронска музика заблагодарувајќи на богатата биографија како вокал и текстописец во најразлични бендови.

Во 2010 година ја добива наградата на “QWARTZ 6 Electronic Music Award ” во Париз, со нејзината трака “EllE ROUTINE“. Таа е специјален гостин на “tINIs party series” tINI & THE GANG” во Ushuaia Beach Club на Ибица, покрај MAGDA (Minus/Items & Things).

2011 беше годината на првото винил издание на Даниела – “PEOPLE HAPPY (THE ESSENTIAL VOYAGE)” за “Moody Heigths”, подлејбл на Белгискиот издавач “Other Heights”. Со ова издание добива сериозно внимание од електронската музичка интернационална сцена.
Наредната година го издава нејзиниот макси сингл “SIMPLY EVERYWHERE” за италијанскиот издавач “White Rabbit Recordings”

Оваа година го издава албумот “BASED ON ELECTRICITY” за RAWAX за кој претходеше синглот “PISTOL STAR”.
Изданија за кои Даниела добива поддршка од етаблирани имиња на оваа сцена како: tINI, Guy Gerber, Steffi, Adam Port, Jake The Rapper, Alex Flatner, Mr. Statik, Dario Zenker, Bleed (DE:Bug).

Ова лето Даниела ја започнува и својата “PARALLEL” радио емисија.

Таа настапува во многу познати клубови во Берлин, меѓу кои резиденцијата на “PARALLEL” во “Griessmühle”, а исто така настапува и во други земји како Швајцарија, Италија, Шпанија (Ибица), Данска, Австрија, Полска и Македонија.

 
https://www.youtube.com/watch?v=Qugh2bGWtMA#t=0
http://wirsindparallel.wordpress.com/daniela-la-luz/
http://soundcloud.com/wirsindparallel/sets/parallel-radio-show-on/
http://soundcloud.com/wirsindparallel/sets/parallel-podcasts/