Conquering Lion со нов видео запис за песната Trickster’s End

Trickster’s End е вториот сингл од албумот “Revelation” кој излезе во ноември минатата година преку Пасворд продукција, а пред крајот на 2013 зад изданието застана и реномираниот ExitLabel.

„Песната е со цврста и јасна порака, се одликува со динамичен и специфичен аранжман кој според нас најдобро би го прикажал целиот концепт на Revelation“ – велат Conquering Lion и дополнуваат – „Видео записот за Trickster’s End ќе ги претстави моментите од нашите досегашни концерти, гостувања, патувања, дружења и слично.
Снимањето одеше глатко и забавно низ повеќе локации на Балканот. Би ги издвоиле Македонија, Хрватска, Албанија, Косово и Црна Гора