Conquering Lion & Green Out – Faith (видео)

Со задоволство и чест, Ви го претставуваме првиот видео запис за песната Faith која е соработка помеѓу скопскиот хип -хоп состав Green Out и тетовскиот реге бенд Conquering Lion.
Оваа песна е предвесник на она што ќе се случува во наредниот период, а тоа е многу музика и уште долга соработка помеѓу овие два бенда.

За продукцијата, миксот и мастерингот се погрижи, кој ако не Гоце САФ .
Музика: Conquering Lion
Текст: Green Out и Conquering Lion
Видео продукција: Tazzak Akabatov

Бидете среќни и насмеани, верувајте во себе и смејте се повеќе, после дождот секогаш доаѓа сонце !!!