Асид Хаус

1988 година – Првиот поджанр на хаус музиката – Асид хаус, карактеристичен по употребата на Roland TB-303, електронски генератор на бас звуци.
Првите продукции на мајсторите на овој поджанр, Acid Tracks на Dj Pierre и I’ve Lost Control на Sleazy D, сеуште содржеа траги од типичните хаус вокали,но пристапот на употреба на инструментите радикално се менуваше.

За три недели поимот “acid-house” стана ново знаме под кое се собираше целата младина од северна Англија. Rare грувот и соулот станаа бавни, стари и прашливи, а за незаменливите класици како Cross Tracks на Mace Parker, што се изведуваа со години, одеднаш повеќе немаше место.

Во Април 1988-та првите компилации на асид-хаус со етикетите на Trax и Gerkin Records се најдоа на полиците во продавниците за плочи во Олдхем Стрит. Се се пресврте: белата младина од средната класа почна масовно да доаѓа на хаус-вечерите во Hacienda. Тој бран го означи крајот на забавите на кои доминираше црната публика со својата игра и своите правила.

acidtraxx

 

Компилацијата VA – We Call it Acieeed! издадена за Warner Dance Records во 2002 година е одличен документ во кој се содржани едни од најпознатите acid house хитови од тоа време, во кои доминантна улога има експериментирањето со веќе култниот TB-303.

http://www.discogs.com/Various-We-Call-It-Acieeed/release/87178