ДЕРИК МЕЈ И МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ЗАЕДНО НА АНТИЧКИОТ ТЕАТАР ВО ОХРИД

Детроит е ознака за квалитет. Од истражувањето на џезот и ритамот и блузот, се до изумот на футуристичкиот фанк на George Clinton, преку истражувањето на гневот на MC5 или на Stooges, и неодминливиот соул на Motown.

За Америка, која со мака се сеќава на тоа, Детроит е светла точка на ноќната култура во таа земја. За некои, Детроит е мајка на техното, земја на болката, каде што џезот, последната голема музика на дваесеттиот век, се преобразува во електронска музика. Зашто техното може да се гледа како урбано продолжение на џезот. Од John Coltrain до Derrick May, опсесиите се исти: простор, време, грув и бескрајна меланхолија.

На 2ри Август под отворено небо, Македонската публика ќе има чест да присуствува на аудио визуелен перформанс кој ќе остави печат во историјата на Македонската култура, перформанс кој ќе биде во изведба на детроитската техно легенда Дерик Меј (aka Mayday and Rhythim is Rhythim) и Македонската филхармонија . На овој настан ќе бидат изведени некои од најпознатите хитови на Дерик Меј: „Strings of life“, „It is what it is“, „Khaotik harmony“, „Icon“ и други. За оркестарските аранжмани на музиката на Меј е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан, а за визуелното обликување на концертот – режисерот Игор Иванов. Покровител на настанот е Министерството за култура.

Проектот Musica Universalis (универзална музика, музика на сферата) или Хармонија на Сферите ќе остави печат во историјата на Македонската култура, промоција на космополитизмот, негување на традицијата и историјата, размислување за иднината и идните генерации.

musica-universalis-cover

Целта на овој проект е да пратиме порака до светот дека Македонија е земја која од историјата до денес, преку фолклорот па се до проекти од овој вид е земја со голема културна традиција и земја на музиката. Пораката што ја испраќаме е дека нашиот народ ја негува музиката, знае што е љубов, толеранција, космополитски размислува, и токму поради тоа, ја негува традицијата и не се плаши да ги следи светските трендови. Оваа порака ќе живее и ќе се пренесува и од неа ќе се учи во иднина. Проектот кој неминовно ќе ја спомне и македонската историја, ќе се вклопи во сегашноста, а ќе живее во иднината , има за цел да биде понатамошна инспирација за нови креации на новите генерации. Со овој проект претендираме да оставиме музички печат за иднината и да отвориме надеж за нови предизвици…..

Musica Universali е филозофија која вели дека музиката е хармонија од бесконечна енергија која патува низ бесконечноста и која ја пренесува љубовта и создава нови енергии и во други димензии…

Во космополитистичките убедувања значи ширење на љубов, позитивизам, оптимизам, хуманизам, пацифизам и е против сите земски предрасуди….

Теолошко сфаќање би било дека преку музиката се постигнува и душевната хармонија преставена преку седумте ноти како седум нивоа на духовноста.

Иднината е во културата, културата е иднината ….

Линкови: Карти Веб сајт Фан страна Фејсбук настан Јутуб линк