Скопје Ремикс

skopje-remixed

„Скопје Ремикс” (2012) е игран филм, во продукција на „Ново Македонско Видео”. Составен е од 9 приказни, сместени во Скопје, изработени од 10 еминентни македонски режисери.

Преку овие приказни се прикажуваат убавите и модерните страни на Скопје, зачинети со легенди кои му даваат посебност и уникатност на овој град за кој што многу луѓе надвор од нашата земја и не се запознаени.
Сепак филмовите доминантно се бават со личното гледање на Скопје од страна на авторите кое често е полно со фантазија па дури и измислени факти.

Секој од филмовите обработува посебна љубовна тема или нејзин аспект. Преку филмот ќе биде промовирана македонската уметност на неколку различни нивоа и начини. Еден од поважните елементи е музиката и музичката сцена која што во последно време е во подем и која што е нераздвоен дел од овој омнибус филм.

Aктерската екипа ја сочинуваат Милан Тоциновски, Софија Куновска, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Кирил Коруновски, Нина Гачиќ, Оливер Митковски, Ана Стојановска, Александар Микиќ, Јана Стојановска, Камка Тоциновски, Јулија Милкова, Игор Ангелов, Владимир Христов, Сашко Костов, Ирфан Незир, Емра Куртишовa, Дади Ангеловски, Перо Арсовски, Славица Николовска Спасова и други.

Александар Пејовски, Роботек, Сашко Костов, Љупа Ангелов (The John), Огнен Анастасовски (Bei The Fish), Поган Паган, ПМГ Колектив, Ненад Трифуновски, Новиот Почеток, Александар Ников, Monotons, Кантон 6, White Noise In a White Room, Low Budget, Аномалиа натива & Кацар, Чиста Околина, Милко и Three Minutes in The Rain се македонските високо-квалитетни музички автори кои учествуваат како музичари, но некои од нив и како актери во филмот „Скопје Ремикс“.

Македонските сликари, скулптори и мултимедијални уметници имаа можност да бидат дел од овој филм презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин. Иако филмот е составен од повеќе различни приказни, сепак тие ќе се испреплетуваат на повеќе нивоа и начини, создавајќи една кохерентна филмска структура.
За таа цел, продукцијата Ново Македонско Видео распиша конкурс на тема: „Скопје и македонската уметност во 21 век“. На конкурсот се пријавија уметници со уметнички дела создадени во последните девет години, во форма на фотографии, кратки видеа, слики, инсталации и скулптури фотографии.

Сето ова „Скопје Ремикс” го прави комплетен проект кој што ќе ја опфати современа македонска уметност на едно место и ќе ни дозволи да ја претставиме достојно нашата уметност и култура ширум светот.

Борјан Зафировски, Синиша Евтимов, Огнен Димитровски, Срѓан Јаникиевиќ, Јане Алтипармаков, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Даријан Пејовски, Вардан Тозија и Бојан Трифуновски, ја сочинуваат режисерската екипа која работи на омнибус-филмот посветен на градот Скопје.

[cvg-video videoId=’27’ width=’610′ height=’420′ mode=’playlist’ /]

Филмот е превземен од youtube!  http://youtu.be/OCGGr1mbktM