Berlin Calling (2008)

berlin-callingBerlin Calling е Германска трагична комедија од 2008 година која ги отсликува настаните околу Берлинскиот ДиЏеј и продуцент Martin Karow (попознат како Ickarus). Тој настапува по техно клубовите низ целиот свет, патувајќи заедно со неговата девојка и менаџерка, додека истовремено работи на новиот студио албум кој треба да го издаде наскоро. За да биде во можност да работи дено-ноќно тој конзумира разни видови на дроги. Откако една вечер ќе конзумира екстази таблета, Ickarus ќе западни во психоза и ќе биде пренесен во психијатриска болница во Берлин, со што ги става во опасност неговиот нов албум и неговите настапи.

Жанр: Комедија, Музичка драма
Режија: Hannes Stöhr
Улоги: Paul Kalkbrenner, Rita Lengyel, Corinna Harfouch
Времетраење: 105 минути