Flooder

dj-flooder

Инспириран од звукот на електронската музика, Флудер го посветува својот живот на диџејството. Неговите почетоци датираат во доцните 90ти каде што свири само техно музика, низ клубовите во државата. Неговото име е доволно присутно на локалната сцена за да ве асоцира на неговиот посебен стил на презентирање на музика. Ни неговиот стил ниту пак неговата музика имаат тендеција да се повторуваат, следствено на ова Флудер секогаш е во потрага по нешто ново и возбудливо.

Неговите сетови секогаш се исполнети со динамчен тек на музика кој е строго наменет за сите љубители на музиката кои се на подиумот. Во текот на годините има можност да го дефинира својот стил на музика кој варира и се движи од диско/фанк звукот, па се до најмодерните звуци на електронската музичка сцена. Може да се каже дека овој диџеј своето познавање и искуство во музиката го користи за единствена цел, а тоа е секогаш весела и разиграна публика.