Binary Thoughts е електронско музичко дуо од Куманово, Македонија. Првично странци една на друга, се запознаваат на музички фестивал во Македонија во 2015 година и по долги дискусии за електронската музика, одлучиле да лансираат музички проект кој ќе ги поврзе нивните малку различни, но истовремено слични вкусови за електронската музика. Нивното хипнотично, непредвидливо и амбиент техно и електронските звуци, воочливи во нивните DJ сетови, ја рефлектираат уникатноста на нивниот единствен „бинарен“ звук, кој ќе ве однесе од најтемните агли до најдлабоките и најшарените маглини на универзумот. Имаат настапувано на различни фестивали, како и клубови во Македонија и соседните држави, а во скоро време се стекнаа и со меѓународен успех со нивниот скорешен настап во Берлин, Германија.